Рецепт за југословенски ќофтиња од рерна: Најсочните топчиња од мелено месо – се подготвуваат брзо и лесно

Точка

25/01/2023

21:00

14.415

Големина на фонт

а а а

Нема ништо поубаво од солени, зачинети ќофтиња, а вака подготвени ќе ви станат омилен специјалитет од месо.

Ќофтето од мелено месо e меѓу омилените јадења во југословенската кујна, а станува збoр за јадење кое спаѓа во најпопуларните во светот.

Прекрасни се со пире од компири, а не се помалку вкусни ниту со ориз или грашок, прекрасно се вклопуваат и со салата, се подготвуваат едноставно и ќе ги почувствувате со сите сетила.

Состојки:

- 600 грама мешано мелено месо;
- 1 јајцe;
- 1 лажица маст;
- Презла по потреба;
- 1 лажица стар леб;
- 1 домат;
- 3 поголеми главици кромид;
- 2 чешниња лук;
- Мелена пиперка, магдонос, сол и бибер.


Подготовка:

Ситно исечкајте една главица кромид, па динстувајте заедно со маста. Потоа ставете го меленото месо, па добро измешајте. Додадете го претходно натопениот и добро исцеден леб, јајцето, ситно исечканиот лук, зачините и помешајте.

Одвоено испржете го останатиот дел од кромидот, додека не добие златна боја, па додадете ја мелената пиперка и ставете ги во тепсија.


Од подготвеното месо направете топчиња, па извалкајте ги во презла и распоредете ги во тепсијата.

Ситно исечканиот домат распоредете го околу ќофтињата, па додадете вода и печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека течноста не испари.

Пријатно јадење!