Истражување: Ова се најатрактивните автомобили на светот кои на секого му „влегуваат во око“

Точка

25/01/2023

16:29

9.998

Големина на фонт

а а а

Автомобилската индустрија никогаш немала многу производи како сега, но впечаток е дека меѓу нив нема многу атрактивни автомобили кои бидат емоции.

Сепак, меѓу бројните автомобили постојат и такви кои секогаш „паѓаат во око“, предизвикувајќи воодушевување и што е важно, голема заинтересираност од набљудувачите. Во потрага по најатрактивните автомобили кои најчесто влегуваат во око, „AutoTrader UK“ користел научна метода за да ги пронајдат најдобрите.

Организаторот на истражувањето на група од 32 лица им покажувал фотографии со 40 најпопуларни модели на автомобили. Притоа движењето очите на испитаниците се следело со посебен софтвер и се мерело времето што им било потребно за да се фиксираат на одреден автомобил. Резултатите потоа биле класифицирани и наместени според брзината на фиксирањето и должината на времето минато „на автомобилот“.


„Porsche“ секогаш влегува во око

Во вкупната конкуренција апсолутен победник е „Porsche 911“. На набљудувачот во просек му биле потребно 2,51 секунди да се фиксира на „911“, а минал и толку време гледајќи го автомобилот и конечниот резултат е 91%. Понатаму следат „Lexus LC500“ и „Ferrari F40“ кои набљудувачот порано ги фиксира, но минува нешто пократко време на нив, што било доволно за резултат од 88 проценти.

Интересно е дека на 4-то место е најдобро рангираниот електричен автомобил. Тоа е „Porsche Taycan“ со резултат од 86 проценти на кој набљудувачот минал дури 5,63 секунди, многу повеќе отколку на останатите автомобили.


На петто место се наоѓа најдобро пласираниот автомобил „за секој ден“. Toa e „BMW“ серија 3 со резултат од 84%. Во овој сегмент на достапни автомобили понатаму следат „Volvo XC40“, „VW Golf“ и „Hyundai Tucson“. Топ 5 сегментот го заклучува „A“ класата на „Mercedes“.

Интересно е дека доста високо на листата е „Bugatti Veyron“, но никаде го нема новиот „Chiron“. Истото важи и кога станува збор за болидите кои често ги гледаме во медиумите, како „Koenigsegg“, „Pagani“ или „Rimac Nevera“.


Од друга страна изгледа дека нешто похрабриот дизајн на високосериските „народни“ автомобили се исплател. Така високо место достигнал „Hyundai Tuscon“, но и атрактивната „Toyota Yaris“. „VW Golf“ е сепак приказна за себе, која е нешто потешко да се објасни.

Целосната листа можете да ја видите ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг