(Видео) Легендарната компјутерска игра стара 20 години повторно е хит во светот

Точка

24/01/2023

19:43

5.493

Големина на фонт

а а а

Се сеќавате ли на компјутерската игра „Deluxe Ski Jump“ која беше многу популарна пред 20 години? Сега повторно е хит.

Симулацијата на скијачки скокови може да се игра и денес затоа што авторот на играта развил мобилна апликација, а играта во последниве денови е на самиот врв меѓу апликациите на „Apple“ уредите.

Играта беше многу едноставна, а можеше да се сними и на ЦД. Заземаше помалку од половина мегабајт и можеше да се игра на секој компјутер. Беше толку популарна што на форумите имаше и дебата за рекордите и совети како да се скокне што подалеку.

Играта ја дизајнирал Финецот Јуси Коскела, а популарноста на играта довела до создавање на трет, а потоа и четврти дел, но втората верзија од играта останала најпопуларна.

Пред неколку години творците на играта развиле мобилна верзија од класиката за паметни телефони, а во Словенија играта во последниве денови е една од најпопуларните.

Моментално е прв избор на бесплатни игри во „Apple Store“ на „Apple“ уредите, а достапна е и за „Android“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг