(Фото) „Културата е скапа, некултурата поскапа“: Собир на граѓани пред МКЦ во знак на одбрана на култната културна институција

Точка

22/01/2023

17:21

3.480

Големина на фонт

а а а

Голем број граѓани денеска се собраа пред МКЦ да го искажат своето незадоволство поради минатонеделната смена на директорот на МКЦ, Ванчо Богоев.

Нов директор на МКЦ е Никола Алексов. Тој е дипломиран детектив по професија, кој воопшто не им е познат на вработените во МКЦ и на културната јавност.


Настанот „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“, започна во 12 часот, а организаторите „Гола планина колектив“, истакнаа дека ова е „собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство“.

Пред МКЦ се потпишуваше и петиција, а нејзините барања се зголемување на буџетот на институција од државните ресурси за култура. Дополнително, преку петицијата се бара да се стави „МКЦ надвор од политичките игри“, пренесува „Frontline“.


Организаторите планираат петицијата да ја испратат до Град Скопје и Министерството за култура, но, како што велат, засега примарно им е да соберат што повеќе потписи.



Фото: Frontline.mk



Спонзорирани линкови

Маркетинг