Коњското опавче е лековита билка која потекнува од старите римски и грчки времиња, а традиционално се користела за запирање на крвавењето, лекување на рани и чиреви и лекување на туберкулоза и проблеми со бубрезите.
Коњското опавче содржи силициум кој помага во зајакнување на коските, а често се користи како диуретик, но и како состојка во козметиката.
Со редовното консумирање на чај од коњско опавче се ублажуваат грчевите во мочниот меур и болното мокрење, а одличен е и за проблемите кои се однесуваат на камења во бубрезите, подобрување на крвната слика, разни кожни состојби (егзема, атопичен дерматитис, контактен дерматитис). Помага при лекување на чир на желудник, како и кај воспаленија на органите за варење.
Покрај тоа, коњското опавче се употребува и кај честите гасови во стомакот и кај болести на коските. Чајот од оваа билка благотворно делува на атеросклерозата и високиот крвен притисок, нервозата, анемијата и на болестите на метаболизмот.
Оваа билка е одличен сојузник и во индустријата за убавина. Може да помогне при проблемите со опаѓање на косата кое може да се спречи со редовно консумирање на чајот, но и со испирање на косата со свеж чај од коњско опавче по секое миење.
Поради својот карактеристичен состав, може да се користи како тоник против брчки во негата на кожа, а кај воспалените рани се користи како облога.
Како да подготвите чај од коњско опавче?
Прелијте една супена лажица коњско опавче со 2 децилитри зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути, па процедете. Вака подготвениот чај пијте го 3 пати на ден, пред јадење и незасладен.
Чајот од коњско опавче можете да го пиете секој ден, а истиот има пријатен вкус и арома. Исто така, чајот не е неопходно да се консумира топол.