Од утрово сопственикот на бутикот „Шејн“ којшто се наоѓа на улица Македонија и којшто работи на јавна површина во центарот на Скопје, сам го отстранува објектот.
Овој објект претходно беше и предмет на надзор кај инспекторите од Општина Центар, а според информациите од општината сопственикот сам го отстранува откако претходно беше издадено и решение за негово отстранување, пренесува „Фактор“.
Во ноември лани градежен инспектор од Општината издал решение со кое му нареди на инвеститорот на стакларникот кој е доградба да биде отстранет и локалот да се врати во првобитна состојба. Сопственикот побарал рок за сам да го урне објектот којшто му бил овозможен од општинските власти.
„По реакциите во јавноста, градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изврши надзор на бутикот и му издаде решение за отстранување на доградбата, бидејќи за неа не поседува важечко одобрение“, се вели во пишаната изјава градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Фото: „360 степени“