Рецепт за највкусните посни палачинки кои се подобри од „стандардните“: Совршен десерт за Бадниковата трпеза

Точка

05/01/2023

16:00

16.022

Големина на фонт

а а а

Палачинките се незаобиколив дел во менито на сите од нас, поради тоа пробајте ја оваа верзија на палачинки која, како што велат многумина, има подобар вкус и од вообичаените палачинки.

Кога еднаш ќе ги пробате посните палачинки на оние „нормалните“ ќе заборавите затоа што овие имаат прекрасен вкус, а се и многу поздрави, па може да ги јадете без грижа на совест.

Речиси сите ги обожаваме затоа задолжително направете ја оваа варијанта и нема да се покаете.

Состојки за тесто:

- 500 грама брашно;
- 2 шолји кисела вода;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 1 лажичка шеќер;
- 4 лажички масло за јадење;
- 1 лажичка сол;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- Џем по вкус за мачкање.


Начин на подготовка:

Во поголем сад помешајте ги сите состојки, па полека ставајте ја киселата вода, постојано матејќи со миксер, па додадете масло за јадење.

Ставете малку масло за јадење во тава, потоа ставете една црпалка од смесата за палачинки и печете. Печете од двете страни по 2-3 минути. Готовите палачинки намачкајте ги со џем, а може да им додадете и ореви или шеќер.

На здравје!