[ФОТО] Сидни Свини ги украде погледите и целосното внимание на свадбата на Безос: Заблеска во розев фустан со бујните гради во преден план

Точка

28/06/2025

18:04

1.433

Големина на фонт

а а а

Сидни Свини, ѕвездата од серијата „Еуфорија“ и една од најпопуларните актерки во светот, заблескала во розево на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.

27-годишната ѕвезда ги пленила погледите кога се појавила на венчавката на американскиот милијардер и новинарката Лорен, во петокор, на 27 јуни. За доаѓањето на луксузната церемонија вредна речиси 50 милиони долари, одржана на островот Сан Ѓорџо Маджоре во Венеција, актерката одбрала розев фустан.


Се појавила во елегантен фустан без прерамки, кој се ширел во раскошно А-крој здолниште. За да ја дополни модната комбинација, Сидни носела нежна розова шминка, а долгата коса ја стилизирала во бранови.


Бројни ѕвезди на свадбата на годината


Покрај Сидни Свини, на раскошната свадба во Италија се појавија и многу други холивудски ѕвезди и познати личности, меѓу кои членки на семејствата Кардашијан и Џенер, Опра Винфри, Иванка Трамп, Виторија Черети, Орландо Блум и Ели Голдинг.