Фудбалер на Астон Вила промаши зицер за победа, па не можеше да ги сопре солзите

Дерби

05/01/2023

13:24

2.349

Големина на фонт

а а а

Астон Вила вчера освои бод на дуелот со Вулверхемптон, но домаќините можат да жалат што не освоија три бода пред своите навивачи.

Гостите водеа од почетокот на средбата, Ингс израмни во завршницата, а потоа Лион Бејли ја пропушти најголемата шанса за целосен пресврт.

Бејли успеа да го издрибла голманот Жозе Са, но успеа да го промаши голот и заврши на тревата, обидувајќи се да сфати како можел да промаши таков зицер.

Соиграчите мораа да го тешат Бејли по завршувањето на средбата, а фановите се благодарни поради неговиот став, пред се откако тој испрати јавно извинување на Инстаграм.