Готови за 15 минути: Рецепт за крцкави и воздушести јогурт-погачици кои им успеваат и на почетниците во кујна

Точка

21/12/2022

19:19

13.717

Големина на фонт

а а а

Доколку не знаете што да подготвите за вечера или пак за појадок, тогаш ние ви го претставуваме овој рецепт којшто на сите им успева.

Состојки:

- 400 грама брашно;
- 350 милилитри јогурт;
- Половина коцка квасец;
- 50 милилитри топло млеко;
- 1 ќесичка прашок за печиво;
- 1 ќесичка сол;
- 100 грама маст;
- 1 жолчка за премачкување.


Подготовка:

Квасецот изматете го во топло млеко за да се активира. Во брашното додадете прашок за печиво, па кога квасецот е активиран измешајте го со брашното.

Растопената маст и јогуртот ставете ги во смесата и замесете тесто. Кога ќе го замесите, оставете го околу 45 минути да отстои.

Развлечете го на околу центиметар дебелина, па со тркалезни калапи или помала чаша вадете погачици.

Распоредете ги во плех обложен со хартија за печење. На крајот изматете ја жолчката и премачкајте ја секоја погачица.

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете 15 минути.

На здравје!