Црниот бозел е една од најчесто користените лековити билки на светот, а порано се користела за лекување на треска, ревматизам, па дури и за третирање на изгореници.
Денес најчесто се користи во ублажување на симптомите на настинка и грип.
Постојат неколку сорти на дрвото бозел кои се разликуваат по цветни гроздови со бела или црна боја или темносини, речиси црни плодови, а најчест вид е „Sambucus nigra“, познат и како црн бозел.
Цветовите и листовите низ историјата се користени за ублажување болки, отоци, воспаленија, излачување урина и пот, додека самата кора се користела како диуретик или лаксатив.
Сушените плодови и сокот, според народната медицина, можат да се користат за третирање грип, инфекции, ишијас, главоболка, забоболка и срцеви проблеми. Покрај тоа, плодовите можат да се готват и користат за правење сокови, џемови, пити и вино, а цветот од бозел често се вари со шеќер за подготовка на сладок сируп за познатиот сок од бозел.
Здравствени придобивки од црниот бозел
Плодовите на црниот бозел не само што се хранливи туку, помеѓу останатото, можат да помогнат и во решавање на симптомите на настинка и грип, одржување на здравјето на срцето како и во борба против воспаленијата и инфекциите. Полни се со хранливи материи, нискокалорични се и богати со витамин Ц, диетални влакна и антиоксиданти во облик на фенолни киселини, флавоноиди и антоцијани.
Едно од најважните својства е што може да ја подобри здравствената состојба, особено кај децата, кога ќе се јават симптоми на настинка и грип. Утврдено е дека екстрактот од црн бозел помага и во намалување на телесната тежина.