„Мразам фудбал, тоа е спорт за неталентирани“: Првиот човек на УФЦ брутален за најпопуларната игра на светот

Точка

09/12/2022

19:24

3.126

Големина на фонт

а а а

Светското првенство во фудбал е главен медиумски настан низ целата планета и така ќе биде сè до 18-ти декември кога ќе се одигра финалето на стадионот Лусаил во Доха.

Меѓутоа, постојат и луѓе кои не се воодушевени од овој спорт, но и од она што од 20-ти ноември се случува во Катар.

Еден од нив е и првиот човек на УФЦ, најсилната, најценета и најпрестижна организација на боречки спортови – Дејна Вајт. Овој Американец, слободно може да се каже дека мрази фудбал.


Во изминатите денови една негова изјава кружи на интернет. Кога новинарите на порталот „Calgary Sun“ го прашале Дејна што мисли за фудбалот, тој го дал следниот одговор:

„Фудбал?! Не го поднесувам тој спорт. Мислам дека тоа е спорт кој изискува најмалку талент. Со причина 3-годишни деца играат фудбал, сè што треба да правите е да трчате и да шутирате топка. Играте игра во која головите се толку големи, а резултатот е 3:1. Дали сте сериозни? Знаете ли колку неталентирани треба да бидете за да постигнете само три гола на толку големи голови?“, истакнал Вајт.


Без оглед што фудбалот доживува сè поголема популарност и процут, Дејна Вајт не е воодушевен. Оваа негова изјава наиде на остра осуда кај познатите спортисти ширум планетата како тенисерот Енди Мареј, англискиот фудбал Роб Холдинг и Португалецот Жозе Фонте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг