Зеленчук кој треба да го јадете во текот на целата зима: Го чува срцето, помага при слабеење и ја подобрува дигестијата

Точка

09/12/2022

18:10

11.744

Големина на фонт

а а а

Празот му припаѓа на истото семејство зеленчук како и кромидот и лукот, а од сите видови тој има најблаг вкус и нема силен мирис.

Содржи малку калории, железо, витамин Е, фолна киселина и влакна. Може да се бере од почетокот на есента до крајот на пролетта, па затоа е важна намирница особено во зима, кога изборот на зеленчук е прилично мал.

Празот има бројни здравствени предности, а еве 3 од нив:

Ги намалува воспаленијата и го чува здравјето на срцето

Кемпферолот кој празот го содржи има антивоспалителни својства, а храната богата со оваа состојка се поврзува со намален ризик од срцев удар и кардиоваскуларни болести. Празот е добар извор на алицин и други тиосулфинати, соединенија на сулфур кои можат да влијаат на нивото на холестеролот и високиот крвен притисок.


Го подобрува варењето

Празот е богат со влакна за кои се знае дека се добри за варењето. Овој зеленчук исто така содржи пребиотици, а произведува кратковерижни масни киселини како ацетат, пропионат и бутират. Истражувањата сугерираат дека исхраната богата со пребиотици може да му помогне на вашето тело да ги апсорбира важните хранливи материи, што може да го подобри општото здравје.


Помага при слабеење

Како и повеќето зеленчуци, празот може да го поттикне слабеењето. Тој е добар извор на вода и влакна кои спречуваат глад и долго време го одржуваат чувството на ситост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг