Вучиќ за ситуацијата на северот на Косово: „Нема предавање“

Макфакс

09/12/2022

10:16

3.811

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради ситуацијата на Косово, се сретна со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ.

„Во текот на ноќта и наутро со министерот за одбрана, Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили Милан Мојсиловиќ… нема предавање!“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

За потсетување, припадниците на косовската полиција од редовните единици, од албанска националност, од синоќа почнаа да влегуваат во северниот дел на Митровица, со цел да го зголемат присуството во деловите на градот каде што живее етнички мешаното население, меѓу кои се пред се Албанци.

Како што изјавија од косовската полиција за порталот KoSSev, целта на пристигнувањето на овие единици е исклучиво „да ги заштитат етнички мешаните делови на градот, а по неколкуте поплаки на Албанците од северот дека не се чувствуваат безбедно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг