Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Макфакс

08/09/2026

09:13

215

Големина на фонт

а а а

Утрово беше почувствуван земјотрес со магнитуда 3.9 од Рихтеровата скала во регионот на Охрид и Струга. Епицентарот бил во југозападниот дел на Македонија, а интензитетот според европската скала достигнал IV степени.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.