Воопшто не е така како што изгледа: Чудни ограничувања во кралското семејство - што сè ѝ е забрането на Кејт Мидлтон?

Точка

06/12/2022

15:45

5.915

Големина на фонт

а а а

Животот во британскиот двор подразбира бројни ограничувања, а Лејди Дајана и Меган Маркл се бореле со тоа, додека сопругата на принцот Вилијам без проблем ги следи кралските правила, па така е и со ограничувањата во исхраната.

Според поранешниот судски готвач, Дерен Мекгрејди, неа ѝ е забрането да јаде компири, ориз или тестенини за вечера. Како што е познато, ова е главниот оброк во денот, а бидејќи кралицата не сакала јаглехидрати, тие никогаш не им биле послужувани на другите членови на кралското семејство.


Забрането им е да јадат каква било ризична храна кога се на јавни посети. Таквата храна вклучува, на пример, школки, кои лесно можат да предизвикаат труење.

Она што на претходните снаи на британскиот двор им било особено тешко биле долгите кралски вечери. Никој не смеел да стане пред самата кралица Елизабета Втора, а Лејди Ди едвај го поднесувала тоа. Сè уште никој не слушнал дека идната кралица Кејт се пожалила на тоа.


Списокот на забрани не завршува со ваквите старински ограничувања, туку е дополнет во согласност со современиот начин на живот. Па така, на пример, на членовите на семејството не им е дозволено да прават селфи, бидејќи се верува дека тие треба да комуницираат со јавноста најмногу преку директен контакт, а не со вакво „парадирање“ на социјалните мрежи.

Затоа, на официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Кембриџ нема да видите ниедно нивно селфи. Напротив, Кејт е извонредна фотографка, па сите уживаат во нејзините извонредни портрети - од принцот Џорџ, принцезата Шарлот и малиот Луис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг