Најубав Божиќ: Идилично швајцарско место кое ги „препородува“ посетителите стотици години

Точка

05/12/2022

16:00

15.364

Големина на фонт

а а а

Околу еден час од Цирих ве очекува Бад Рагаз, мало гратче во подножјето на ски-центарот Пизол, кое станува особено бајковито за време на зимскиот период.

Во него почесно место има огромната секвоја од речиси 40 метри, која за Божиќ е украсена со дури 30 илјади светилки. Оваа „старица“ е долговечна жителка на Бад Рагаз и таму е засадена од пред повеќе од еден век.


Многу посетители на Бад Рагаз доаѓаат на велнес во познатиот Grand Resort, каде некои од третманите се инспирирани од секвоја. Луксузното одморалиште има долга традиција благодарение на монасите кои во 13 век ги откриле изворите на лековита топла вода во кањонот Taminaschlucht.


За среќа, третманите денес се многу различни од порано. Кога луѓето првпат почнале да ја користат лековитата вода за закрепнување, монасите ги спуштале до дното на клисурата користејќи јажиња. Таму со денови седеле на столчиња, додека на телото не им се појавеле рани, бидејќи (верувале или не) тоа било знак на закрепнување.


Оние луѓе кои можат да си дозволат одмор во Гранд ресорт не мора да се впуштаат во вакви авантури, бидејќи во нивните соби ги очекуваат специјални кади кои ги спојуваат лековитите својства на топлите извори со хромотерапија.


Скијачкиот регион Пизол се протега меѓу 1.600 и 2.200 метри и има 40 километри скијачки патеки, што им нуди на љубителите на зимските спортови различни можности да уживаат во снегот. Но, дури и оние кои не скијаат можат да уживаат во пешачење до местата кои нудат фантастичен поглед на околниот пејзаж.


Во лето, Бад Рагаз е омилена дестинација за љубителите на голфот, велосипедистите и сите оние кои сакаат да ја истражуваат природата.


Прошетка околу петте кристално чисти езера или патување до кањонот Taminaschlucht со термална вода - се само дел од активностите што можете да ги направите за да си ги исполните деновите.





Спонзорирани линкови

Маркетинг