Лионел Меси на најдобар можен начин го одбележа својот јубилеен 1000-ти натпревар во кариерата, бидејќи покрај тоа што постигна гол против Австралија, го понуди и најдобриот индивидуален перформанс од еден играч на ова Светско првенство.
Капитенот на Аргентина доминираше во секој поглед и воопшто не беше доведено во прашање дека ќе биде избран за МВП на второто осминафинале на мундијалот, а по победата од 2:1 над Австралија, имаше можност да види и едно уникатно видео.
Додека давал интервју за „Tyc Sports“, новинарот му ја покажал реакцијата на цело неговото семејство и неговите наследници, по што Лео со насмевка на лицето порачал дека ова се специјални моменти за сите.
– Да гледаш како цело семејство се радува на моите голови ми дава дополнителна среќа и страст. Знам како го доживуваат сето ова, знам дека страдаат.
– Ова е прв мундијал на кој моите деца се свесни за тоа што значи едно Светско првенство. Специјално е тоа што ги гледам моите деца на трибините и тоа што гледам како ги доживуваат работите, – изјави Меси.