(Видео) Американски инфлуенсер отпеа екс ју хит: Ги повика следбениците да му платат патување на Балканот

Точка

03/12/2022

21:00

9.603

Големина на фонт

а а а

Претходно овој млад човек од Америка на својот профил објавувал видеа на кои пеел песни на познати изведувачи од Балканот, како С.А.Р.С, Марија Шерифовиќ, Тоше Проески, Дино Мерлин и многу други...

Овој 22-годишник доаѓа од Јужна Дакота, не само што нема врска со нашиот дел од Европа, туку никогаш не бил на овие краишта, а фасциниран е од балканската музика и фолклор.

Џастис Рид има повеќе од 300.000 следбеници на популарната социјална мрежа, но на луѓето од поранешна Југославија им го го привлекол вниманието затоа што на својот канал редовно поставувал видеа како ги пее најголемите балкански хитови.

Сепак, тој самиот признава дека навистина нема поим што значат зборовите што ги кажува и дека му било многу тешко да ги научи.


Овојпат на ТикТок објавил видео на кое заедно со својот татко ја пее песната на  „Забрането пушење“ - „Zenica Blues“ и секако тоа предизвика воодушевување, дури и кај оние следбеници кои никогаш претходно немале можност да го слушнат овој хит.

Покрај музиката, која очигледно му се допаѓа, Рид ја проучува културата и обичаите на Балканот, па се обидел да подготви храна која е карактеристична за нашето поднебје. Она што амбициозно сакал да го направи се кебапи, бурек, сарма, а потоа храната ја пробал пред своите следбеници и очигледно многу му се допаднала.

Рид сака да го посети Балканот

Бидејќи неговите објави сè повеќе се поврзани со Балканот, луѓето почнале редовно да го канат да го посети нашиот регион. Рид во едно од видеата изјавил дека има голема желба да нè посети, но дека за тоа му требаат многу пари, па ги замолил своите следбеници да го споделат видеото за на крајот да привлече спонзори и да си ја исполни желбата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг