Се огласи креативниот директор на „Balenciaga“ по скандалозната кампања: „Ја осудувам злоупотребата на деца“

Точка

03/12/2022

15:17

2.792

Големина на фонт

а а а

Креативниот директор на „Balenciaga“, Демна Гвасалија, упати извинување до јавноста откако беше објавена модната кампања која ја глорифицира педофилијата.

„Сакам да се извинам поради погрешно избраниот концепт на кампањата и преземам своја одговорност. Беше несоодветно деца да промовираат нешта кои немаат никаква врска со нив. Иако понекогаш преку својата работа сакам да ги провоцирам луѓето, никогаш немав намера тоа да го направам со толку страшна тема како што е злоупотребата на деца, која ја осудувам“, навел Гвасалија.

Тој додал дека во наредниот период ќе започне да соработува со организации за заштита на децата за донекаде да успее да придонесе за решавање на проблемот.

„Им се извинувам на сите кои беа потресени од фотографиите. „Balenciaga“ ќе преземе мерки за да се избегнат слични грешки во иднина и ќе ја заштити добробитта на децата на секој можен начин“, заклучил дизајнерот.

За потсетување, модниот бренд објави фотографии на кои девојчиња позираат држејќи кадифени мечиња со ремени, карактеристични за садо-мазо светот. Многу корисници на Твитер го протолкуваа ваквиот потег како промоција на BDSM, односно вид секс кој подразбира воспоставена динамика на моќ.

Дизајнерката на „Balenciaga“, Лота Волкова, исто така беше на мета на критики во јавноста поради бизарните фотографии од деца кои ги објавувала на својот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг