„Пораснавме на детска порнографија и радијација од Чернобил - затоа сме волку за*бани“: Жената која стои зад педофилската кампања на „Balenciaga“ објавувала бизарни фотографии од деца

Точка

30/11/2022

11:08

3.420

Големина на фонт

а а а

Новата бизарна, па дури и морничава кампања на „Balenciaga“ поттикна огромна омраза, а јавноста е решена да го разниша овој бренд до темел.

Ова е најдобар доказ дека еден погрешен чекор и дискутабилна одлука преку ноќ буквално можат да ве доведат од врвот на дното.

Она што всушност ја налути јавноста, и тоа со право, е злоупотребата на деца на фотографиите, односно ставање на децата во сексуален контекст. Сите фотографии во кампањата се „обоени“ со одредена BDSM естетика, односно децата на нив носат кадифени чанти во облик на мечиња со ремени карактеристични за садо-мазо светот. На една од фотографиите се прикажани и документи од Врховниот суд во Америка кои се однесуваат на случај на детска порнографија.

Поради ова „Balenciaga“ од екстремно популарен бренд чии парчиња ги рекламираа најатрактивните и најпознати жени на денешницата, за само неколку дена стана најомразената модна куќа на удар на жестоки критики и повици за бојкот.

Но, не претрпе само брендот огромна штета, туку и оние кои го рекламираат, како и креативниот директор и сите дизајнери на истиот. Интересно е што набрзо по иницијалниот скандал, интернет корисниците „ископаа“ уште повеќе спорни факти од животот на луѓето кои се на врвот на шпанскиот бренд. На удар најмногу од сите се најдоа Лота Волкова, една од главните стилисти на „Balenciaga“, како и креативниот директор Демна Гвасалија.


Лота Волкова е Русинка која на 17 години се преселила во Лондон за да се школува во областа на модата, а беше многу влијателна во модните кругови, барем до овој момент. Нејзиниот стил произлегува од панк културата, а склона е кон екстраваганција, истакнување на сексапилност и факторот на шок. Како еден од стилистите во брендот работи уште од 2014 година, а многумина токму неа сега ја етикетираат како виновникот кој во целата приказна вклучил деца.

Имено, ако ги погледнете објавите на Лота на Инстаграм од пред неколку години, ќе пронајдете подеднакво вознемирувачки содржини како овие што ги нуди „Balenciaga“. Таа споделувала фотографии чија тематика е навистина длабоко загрижувачка, а емоциите кои ги предизвикуваат се непријатни.


Момче со голо торзо и високи потпетици, девојче налик кукла во костим за капење, девојка која му се жртвува на ѓаволот, љубовници замотани во пластични ќеси за ѓубре, соба со крвави дамки, дете врзано за столица со селотејп... се само некои од ужасните фотографии кои можат да се видат на Инстаграм профилот на оваа Русинка, додека не го затвори истиот за јавноста.


На интернет можат да се пронајдат и информации дека Волкова била во романтична врска со осудуван педофил, но тоа е веќе во доменот на шпекулациите. Таа во текот на кариерата соработувала со многу познати брендови како „Adidas“ и „Jean Paul Gaultier“, а до соработката со „Balenciaga“ ја довело познанството со Демна, креативниот директор на овој бренд.

Сега на социјалните мрежи се споделува и една наводна изјава на 41-годишниот дизајнер со потекло од Грузија, во која се споменува дека пораснал со детска порнографија.

„Некој напиша дека Лота Волкова, Гоша Рубчински (уште еден руски дизајнер) и јас пораснавме на детска порнографија и радијација од Чернобил, и затоа сме волку за*бани“, наводно изјавил Демна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг