И покрај тоа што изминатиов период времето не беше толку студено, сепак респираторните инфекции и вируси не поштедија многу од луѓето.
Докторите советуваат настинките да ги лекуваме со помош на ѓумбир, тропско, зачинско растение кое во народната медицина се користи за многу тегоби.
Тој го подобрува помнењето, делува како благ афродизијак, антисептик, ги уништува микроорганизмите и бактериите поради што е совршено природно средство против настинки.
Еве како да подготвите напиток од ѓумбир: исечкајте го ѓумбирот на ситни парчиња и течноста исцедете ја во чаша, потоа прелијте го со врела вода, почекајте малку да се излади, а потоа засладете го со мед. Во чајот може да додадете и лимонов сок којшто е богат со витамин Ц.
Овој напиток може да го консумирате и секојдневно во текот на зимскиот период поради тоа што освежува и има пријатен вкус и смирувачко дејство.