Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Макфакс

03/12/2022

09:51

5.333

Големина на фонт

а а а

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат „режимот на летање“, јавува Би-Би-Си.

Европската комисија одлучи дека авиокомпаниите ќе можат да обезбедуваат услуги за „5Г“ технологија во авионите.

Ова би можело да значи дека од патниците повеќе нема да се бара да го менуваат режимот на работа на телефонот, иако сè уште не е јасно како ќе се спроведе одлуката.

Крајниот рок за членките на ЕУ да обезбедат опсег на фреквенција „5Г“ за авионите е 30 јуни 2023 година.

Новата одлука значи и дека патниците ќе можат да остваруваат повици за време на летот, како и да користат апликации за емитување музика и видеа.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека новиот план „ќе овозможи иновативни услуги за луѓето“ и ќе им помогне на европските компании да растат.

„Небото повеќе не е граница кога се во прашање можностите што ги нуди брзата конекција на голем капацитет“, рече Бретон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг