На тест за интелигенција од само 3 прашања „паднале“ 83 отсто од учесниците, знаете ли вие да го решите?

Точка

01/12/2022

12:37

7.496

Големина на фонт

а а а

Најкраткиот IQ тест на светот се состои од само 3 прашања кој наизглед многу брзо се решава. Но, имајте на ум дека е прилично тежок бидејќи на него „паднале“ 83 отсто од луѓето кои го решавале.

Овој IQ тест е наречен „тест за когнитивна рефлексија“ и бил дел од истражувачката работа која во 2005 година ја објавил професор на МИТ, Шејн Фредерик.

Повеќе од 3000 учесници од различни образовни профили го завршиле тестот, но само 17 отсто успеале во целост да го решат точно. Тоа значи дека 83 отсто од луѓето „паднале“ на најкраткиот IQ тест на светот.

Најкраткиот IQ тест на светот ги содржи следните прашања:

1. Палка и топче чинат 1,10 долар заедно. Палката е за 1 долар поскапа од топчето. Колку чини топчето?

2. Ако на 5 машини им се потребни 5 минути за да направат 5 делови, колку време би им биле потребни на 100 машини да направат 100 делови?

3. Во едно езерце се наоѓаат водни лилии. Секој ден нивната ширина двојно се зголемува. Ако се потребни 48 дена за тие да го покријат целото езеро, колку време ќе им биде потребно за да покријат половина езеро?


Во продолжение се понудени точните одговори, но и нивните објаснувања:

1. Одговорот е 5 центи. Ако помисливте дека се 10 центи, погрешивте. Кога 10 центи би бил точниот одговор, палката и топчето би чинеле 1,20 долари, а не 1,10 долари. Топчето е 5 центи, а палката е 1,05 долари, што е за долар повеќе од 5 центи.

2. Ако одговоривте 100 минути, грешка сте. Прашањето открива дека на машината ѝ се потребни 5 минути за да направи еден дел, а времето не се менува без оглед на тоа што станува збор за 100 машини.

3. Одговорот е 47 дена. Повеќето велат дека 24 часа е точниот одговор, но не е така. Секој ден површината со водни лилии се удвојува, така што секој претходен ден истата била двојно помала. Затоа, ако на водните лилии им се потребни 48 дена да го покријат целото езеро, тогаш претпоследниот ден тие го покриваат половина езеро.