Меси одби да се поздрави со Левандовски, па ги „расчистија сметките“ по крајот на мечот

Дерби

01/12/2022

11:26

2.364

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси промаши пенал на натпреварот против Полска и призна дека е лут за својата утка по крајот на мечот, кој заврши добро за Аргентина благодарение на двата погодоци во второто полувреме.

Мекалистер и Алварез беа стрелци на головите за пласман на Аргентина како првопласирана во осминафиналето на мундијалот, но задоволни од поразот на крајот беа и Полјаците, бидејќи поради подобра гол разлика завршија пред Мексико во групата.

Пласманот на двата тима во осминафиналето донесе позитивна атмосфера на двете страни, но понуди и една сцена која посебно се најде во центарот на вниманието.

Лионел Меси и Роберт Левандовски имаа што да си кажат по крајот на средбата, односно ги „расчистија сметките“ и на крајот срдечно се поздравија.

Претходно, за време на мечот, Меси одби да се поздрави со Левандовски откако овој му направи прекршок на средината на теренот, но во минатото беа малку „зајадени“ и со изјавите кои си ги разменија за „Златната топка“ која беше доделена минатата година. На крајот добро е што се заврши спортски и џентлменски, бидејќи двајцата си дошепнаа по неколку збора и се поздравија како вистински колеги.