(Видео) „Банди од гадови доаѓаат на власт“! Руски мафијаш ги повикува луѓето да излезат на улица: Знаете ли кој ја презема моќта? Знаете ли што ќе бараат и од кого?

Точка

01/12/2022

10:35

7.520

Големина на фонт

а а а

Рускиот мафијашки шеф ги предупредил цивилите на „промената на моќта“ во земјата, велејќи дека осудениците кои групата „Wagner“, руска приватна платеничка војска, ги регрутирала за војната на Русија во Украина, на крајот ќе предизвикаат хаос во општеството.

Во апелот преку видеоснимката, која во текот на месецот кружи на социјалните мрежи, маж претставен како Гриша Московски зборувал против Јевгениј Пригожин, сојузник на Путин и основач на групата „Wagner“, и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, велејќи дека тие создаваат две моќни групи. Гриша Московски ги повикал граѓаните на Русија на внимание, пренесува „Newsweek“.

„Сега во Русија се формираат две банди. Две банди, едната е онаа на групата „Wagner“, а другата е на Кадиров. На дело е промена на власта во Русија. Тие се банди од гадови и ќе дојдат на власт. Но тоа нема да донесе добро за Русија и Русите“, рекол тој.

Гриша Московски укажал на фактот дека групата „Wagner“ регрутирала голем број на затвореници за војната на Путин во Украина. Таа единица од платеници регрутирала борци од казнени колонии во далечните региони на Русија.

Истражувачката независна новинска куќа „Important Stories“ (iStories) неодамна открила дека на руските затвореници во Санкт Петербург им се нудат слобода и пари ако прифатат да учествуваат во војната.

Роднините на затворениците кои служат казна во тој град за „iStories“ изјавиле дека групата „Wagner“ и таму, како што правела во низа казнени колонии, нуди 200.000 рубљи и амнестија во замена за шестмесечно учество во борбите во украинскиот регион Донбас, доколку преживеат.

„Верувајте ми, замислете само кои се членови на Wagner. Сите поранешни осуденици кои имаат 20, 15, 18, 19 години, кои силувале, убивале и вршеле секакво насилство. А сега се слободни и сакаат да јадат, сакаат да заработуваат, сакаат да се чувствуваат добро. А од кого ќе бараат да им го обезбеди тоа? Од вас, обичните Руси“, рекол Московски.


„Немаат што да изгубат“

Во меѓувреме, Кадиров го поддржал Пригожин во неговата критика за начинот на кој се води војната во Украина, а изгледа дека заземале страна и стојат едни покрај други во ретките изрази на несогласување со ситуацијата, што би можело да укаже на тоа дека може да се случат расколи внатре во Кремљ.

Американскиот истражувачки центар „Институт за проучување на војна“ исто така кон крајот на октомври оценил дека Пригожин и нeговата воена група би можеле да претставуваат закана за владеењето на Путин.

Московски, пак, ги повикал руските цивили да го кренат гласот и да осигурат дека ни Пригожин ни Кадиров нема да дојдат на власт.

„Додека молчите, во Русија ќе биде се полошо и полошо. Затоа ве молам, поради обичните луѓе, излезете на улица и погрижете се да не дојдат на власт. Ако дојдат на власт, ќе има проблем во цела Русија. Немаат што да изгубат. Тие „Вагнеровци“, тие „Кадировци“ немаат што да изгубат“, заклучил Гриша Московски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг