Социјални мрежи и лажни вести: Дезинформациите за коронавирусот повеќе нема да се санкционираат на Твитер

Точка

30/11/2022

12:52

10.428

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Твитер“ одлучи да престане да ги спроведува досегашните правила за лажните информации за коронавирусот.

На сајтот на компанијата пишува дека во среда, на 23-ти ноември, престанала да презема мерки против профилите кои ги кршат правилата за коронавирусот.

„Twitter“ порано објавил дека суспендирал повеќе од 11.000 профили поради дезинформации за ковид од септември оваа година.

Другите правила за лажни информации остануваат на сила, односно за нив нема слично известување дека во идна нема да се спроведуваат.

Твитер досега применуваше „систем со пет опомени“ за профилите кои очигледно објавуваат лажна содржина, која може да биде многу штетна, како што е изложување на ковид или нанесување на штета на системот за јавно здравство.


Нема да се преземат никакви мерки против профилите кои еднаш ќе твитуваат дезинформации.

Но, оние кои се повторуваат би можеле да бидат суспендирани на неколку часа, денови или дури и на одредено време, ако нивниот профил добие пет опомени.

Иако вели дека системот за известување за ковид на Твитер никогаш не бил совршен, д-р Стивен Грифин од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Лидс вели дека бил смирувачки фактот што во 2020-та биле отстранети илјадници профили кои ширеле информации.


Почнува амнестија

Сега некои од оние кои ги прекршиле правилата на мрежата се враќаат на Твитер.

Твитер, на пример, и го вратил личниот профил на американската конгресменка Марџори Тејлор Грин, суспендиран во јануари.

Милиони корисници во Твитер анкета гласале за враќање на суспендираните профили, по што Илон Маск твитувал: Луѓето одлучија, амнестијата почнува следната недела.

Извршниот директор на Тесла вети дека од Твитер ќе направи центар за слобода на говорот на интернет откако ја купи оваа компанија за 44 милијарди евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг