Отишол да си ги направи забите, па добил бели „клавиши“: Германец сподели видео „пред и потоа“ - 1 милион луѓе гледаат во неверување

Точка

29/11/2022

17:45

19.254

Големина на фонт

а а а

Поради нередовната хигиена, забите на многу луѓе може брзо да им се расипат, а кога тоа ќе се случи, некако мнозинството одлучуваат да стават вештачки заби и веруваат дека тоа е најдоброто решение.

Така едно момче по име Дастин, од Германија, решило да посети стоматолог за да ѝ даде нов сјај на својата насмевка. Но, се чини дека малку претерал во тоа - поточно стоматологот... И еве што се случува кога недоволно квалификувана личност ќе ви ги прави забите!

Дастин на својот ТикТок профил објавил видео пред и по стоматолошката интервенција. Па така, на првата снимка можете да ги видите старите, пожолтени и истурпијани заби - подготвени за промена.


Сепак, на втората снимка следува вистинско изненадување! Кога Дастин ја отвора устата, може да се забележат вештачки и пребели заби, кои премногу отстапуваат од неговите пропорции на вилицата, што јасно покажува колку е важно естетското знаење на стоматологот. Неговите заби се премногу бели, толку многу што дури некои ги споредиле со ЛЕД светилки.

„Изгледаат како гума за џвакање. Не, благодарам“, „А мене ми личат како бели клавиши“, коментираат луѓето, додека еден корисник го споредил со познатиот актер Џим Кери, кога глумеше во филмот „Маската“ со многу слични изразени и бели заби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг