НАСА објави нови фотографии од Месечината одблиску: Дали ја замислувавте вака?

Точка

29/11/2022

15:14

29.728

Големина на фонт

а а а

По неколку неуспешни обиди, НАСА на 16-ти ноември ја лансирала својата нова мегаракета од Кејп Карнивал на Флорида на Месечината. Службениците на НАСА велат дека тимовите на мисијата Артемис 1 се воодушевени од однесувањето на вселенското летало Орион кон лунарната орбита и се воодушевени од снимките од вселената.

Вселенската сонда Орион набрзо пристигнала до Земјината орбита, а потоа 87 минути по лансирањето извршила таканаречена транслунарна инјекција за да тргне кон Месечината.

Десет дена по лансирањето, леталото Орион влегло во лунарната орбита.

Директорот за лет во вселенскиот центар Џонсон, Џад Фрилинг, рекол дека членовите на тимот на мисијата Орион е воодушевен од однесувањето на леталото и додал дека контролорите на летот се воодушевени од фотографиите кои пристигнале од леталото.

Ракетата ги разнела лифтовите

„Што се однесува до самите контролори на лет, тие се апсолутно шокирани од одличните видео-запаиси кои можат да ги добијат од вселенското летало Орион“, рекол Фрилинг. „Плус, знаете, тие се среќни што сета напорна работа и посветеност во текот на многу, многу години, навистина се исплати“.

Менаџерот на програмата Орион, Хауард Ху, изјавил дека тимот видел навистина добри перформанси на леталото и дека се многу задоволни.

„Денеска беше одличен ден“, додал Ху. „Доаѓаме секој ден и не делува како работа. Едноставно е фантастично. Сакам да ги слушам информациите кои доаѓаат од вселенското летало, да учам за вселенското летало и да бидам возбуден поради тоа што го работиме. И тоа е едноставно одлично. Јас секој ден имам голема насмевка на лицето“.

Менаџерот на мисијата Артемис 1, Мајк Сарафиин, на брифингот на тимот изјавил дека лансирната платформа „39B“ во вселенскиот центар Кенеди претрпела голема штета во текот на лансирањето на вселенското летало. Иако големата штета била очекувана, и натаму имало значајни оштетувања на зградата. „Системот за лифтови моментално не работи“, рекол Сарафин. „Имавме најмоќна ракета на светот и притисокот практично ги оддува вратите на нашите лифтови“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг