Србија прокоцка голема предност и освои само бод со Камерун

Дерби

28/11/2022

13:30

1.560

Големина на фонт

а а а

Србија направи голем пресврт во дуелот со Камерун, но потоа му дозволи на противникот да се врати резултатски и да освои бод (3:3) во првиот натпревар од денешната програма на СП во Катар.

Камерун го отвори резултатот во 29. минута кога Кастелето искористи нафрлена топка од слободен удар и на втора статива без проблеми го совлада Милинковиќ-Савиќ.

Кога се чинеше дека африканската селекција ќе оди на полувреме со предност, Србија направи целосен пресврт.

Павловиќ во првата и Сергеј Милинковиќ-Савиќ во третата минута од судиското надополнување постигнаа по еден гол за голема радост на српските фанови во Доха и резултат 1:2.

Србија успеа преку Митровиќ да зголеми и на 1:3, но тоа не значеше крај и лесен триумф на оваа селекција.

Абубакар во 63 и Чупо-Мотинг во 66. минута ја казнија заспаната одбрана на противникот, Камерун израмни на 3:3 и до крајот немаше седми погодок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг