Тим на турнирот: Шпанците доминираат во најдобрата единаесетка на Светското првенство

Дерби

21/07/2026

07:43

448

Големина на фонт

а а а

Шпанија е нов светски шампион, титула до која стигна со доминатна игра, настап и натпревари на кои прими само еден гол и оној од Белгија во четвртфиналната рунда.

Ова е нова шампионска генерација на „црвената фурија“ по онаа во 2010 година, генерација која ќе остане запамтена во историјата, генерација која има можност да испишува и нови страници со оглед на возраста на играчите.

Сега кога веќе зад нас е 23. мундијал, „Скавка“ го издвои најдобриот тим, идеалната единаесетка во формација 4-3-3 во која очекувано Шпанците се најмногу застапени со пет играчи, комплетната одбрана, плус капитенот Родри.