Шпанската фудбалска репрезентација триумфираше на Светското првенство кое вчера заврши со финалето во Њу Џерси, а со својот настап на целиот турнир, па и на дуелот со Аргентина, потврди дека заслужува да стигне до вториот голем мундијалски успех во историјата.
Избраниците на Луис де ла Фуенте доминираа на пресметката со веќе поранешниот светски шампион, а епилогот на финалето и мундијалот допрва ќе донесе и интересни коментари од фудбалската јавност.
Поранешниот германски репрезентативец, Тони Крос, ги коментираше случувањата на СП 2026 и изминатите недели, а по финалето со само два збора го опиша тоа што го видел и тоа што се случуваше на теренот.
– Фудбалот победи, – кратко прокоментира Крос на „Икс“, а неговата реакција очекувано предизвика и многу коментари.
Football won
— Toni Kroos (@ToniKroos) July 19, 2026







