(Видео) Автомобилот полетал како на игра: Камерите пред тунел во Словачка забележале неверојатна глетка

Точка

28/11/2022

11:07

18.252

Големина на фонт

а а а

Надзорните камери пред словачкиот тунел Борик снимиле неверојатни сцени.

Словачката полиција своевремено на Фејсбук објавила снимка на која се гледа автомобил марка „BMW“ приоѓа до тунелот и врти на десната страна.

Автомобилот пред влезот во тунелот се качил на бетонската ограда и буквално влетал во тунелот.

Тогаш возилото удрило во плафонот на тунелот, за потоа да падне на своите тркала. Во „BMW“-то бил само 44-годишниот возач кој минал без поголеми повреди.

Не е објавено што точно е причина за несреќата, но познато е дека алкотестот бил негативен.

Оваа статија изворно е објавена во 2018-та година, но глетката и ден денес предизвикува неверување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг