(Видео) Ништо не може да му „избега“: Навивач во Катар ја покажал својата „ВАР технологија“

Точка

28/11/2022

10:24

13.201

Големина на фонт

а а а

Видеото од навивач кој со помош на двоглед и телефон го следел натпреварот помеѓу Бразил и Србија стана хит на социјалните мрежи, а многумина се шегуваат дека ова е вистинска ВАР технологија.

Со Светското фудбалско првенство во Катар, кое е во фокус на глобалната јавност, бројни детали од натпреварите, но и надвор од теренот привлекуваат внимание.

Така, еден навивач ги насмеа социјалните мрежи со својата „ВАР технологија“.

На ТикТок е објавено видео од навивачот кој го следел натпреварот помеѓу репрезентациите на Бразил и Србија, а за да не пропушти ништо, искористил двоглед и мобилен телефон.

На видеото се гледа како мажот го држи телефонот со вклучена камера пред кој го позиционира двогледот, за подобро да види.

„Дозволете да ви ја претставам вистинската ВАР технологија“, стои во описот на објавената снимка на ТикТок.

Објавата за кратко време добила речиси 30 милиони прегледи на оваа платформа, а многумина во коментари се шегувале дека тој се обидувал да го пронајде Меси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг