Пронајдени дрога и пиштол, дилер од Скопје лишен од слобода

Макфакс

27/11/2022

12:27

920

Големина на фонт

а а а

Утрово во 01.15 часот на ул.“Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол “берета“ за кој не поседувал дозвола.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг