Се бара жив! Тој што ќе уапси го чека награда од 250.000 долари: ФБИ го стави шефот на групата „Вагнер“ на потерница

Точка

26/11/2022

12:02

6.815

Големина на фонт

а а а

Јевгениј Пригожин, бизнисмен и основач на групата „Вагнер“, е ставен од ФБИ на потерница.

ФБИ го бара Јевгениј Пригожин поради негова наводна вмешаност во заговор за измама на САД со нарушување, попречување и поништување на законските функции на Сојузната изборна комисија, на Министерството за правда на САД и на Соединетите Американски држави од почетокот на 2014-та до 16-ти февруари 2018-та година.

Пригожин бил главен финансиер на Агенцијата за интернет истражување (ИРА) со седиште во Санкт Петербург. Тој наводно го надгледувал и одобрувал нивното политичко и изборно мешање. Операциите во САД вклучувале купување на простории за американски компјутерски сервер, создавање на стотина фиктивни он-лајн личности и користење на украдени идентитети на лица од САД. Овие акции наводно биле преземени за да се достигне значаен број на Американци со цел мешање во политичките системи на САД, вклучувајќи ги и претседателските избори во 2016-та.


Федералниот налог за апсење на Пригожин е издаден на 16-ти февруари во Окружниот суд на САД за дистриктот Колумбија откако бил обвинет за заговор за измама на САД.

„Ако имате било каква информација во врска со ова лица, а се наоѓате надвор од САД, контактирајте ја најблиската американска амбасада или конзулат. Ако сте во САД, контактирајте ја својата локална канцеларија на ФБИ“, стои во објавата на ФБИ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг