„Ги дрогираат децата за да спијат“: Во оваа земја владее таков глад што родителите се почесто ги продаваат своите деца

Точка

24/11/2022

16:57

4.375

Големина на фонт

а а а

Авганистанците им даваат лекови на своите гладни деца за да заспијат, а некои ги продаваат ќерките или органите за да преживеат. Втора зима откако на власт се вратија талибанците, а странската помош е сопрена, милиони Авганистанци се на раб на глад, пишува „BBC“.

„Нашите деца постојано плачат и не спијат. Немаме храна. Па одиме до аптека, купуваме апчиња и им ги даваме на нашите деца за да спијат“, рекол Абдул Вахаб.

Тој живее во близина на Херат, трет најголем град во земјата, во населба од илјадници мали куќи од кал чиј број расте со децении и има многу луѓе кои морале да ги напуштат своите домови поради војната и природните катастрофи. На праќањето колку луѓе им даваат на децата за да ги заспијат, Абдул вели: „Многу! Сите ние!“.

Гулам Хазрат од џеб извлекол и некои таблети. Тоа би било лек за смирувањето „алпразолам“, кој обично дава за депресија или анксиозност.

Лекарите велат дека таквите лекови, кога се даваат на деца кои се гладни, можат да предизвикаат оштетување на црниот дроб и цел спектар на други проблеми како што се хроничен умор и нарушување на сонот и однесувањето. Повеќето семејства имаат само неколку парчиња леб на ден, продолжува „BBC“. Една жена изјавила дека наутро јаде сув леб, а навечер го става во вода за да биде мокар.

ОН предупредува дека во Авганистан се случува хуманитарна катастрофа. Иако Авганистанците тешко живеат со години, кога талибанците минатиот август ја преземале власта без меѓународно признавање на новата дефакто влада, странските средства кои пристигнувале во Авганистан се замрзнати, што предизвикало економски колапс, кој мажите ги оставил без работа.

Амар, што не е негово вистински бидејќи сакал да остане анонимен, рекол дека имал операција за отстранување на бубрегот пред три месеци и ја покажал лузната која му се протега преку стомакот од предниот дел на телото до страничниот дел.


Тој е во своите 20-ти години, на пикот од животот.

„Немаше излез. Слушнав дека може да се продаде бубрегот во локалната болница. Отидов таму и кажав дека го сакам тоа. Неколку недели подоцна примив телефонски повик и ме замолија да дојдам во болницата“, вели тој.

Амар за тоа бил платен 3.100 долари, од кои повеќето отишле на отплата на парите кои ги позајмил за да купи храна за своето семејство. „BBC“ се сретнал и со млада мајка која изјавила дека го продала својот бубрег пред седум месеци – морале да вратат долг, а таа за тоа добила уште помалку пари.

„Сега сме принудени да ја продадеме 2-годишната ќерка. Луѓето од кои позајмуваме пари постојано сега не малтретираат и ја бараат нашата ќерка ако не можеме да им вратиме пари“, рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг