„Netflix“ претстави уникатен проект: Епизодите на новата серија можат да се гледаат по било кој редослед

Точка

24/11/2022

12:44

4.628

Големина на фонт

а а а

Новата серија на „Netflix“, „Kaleidoscope“ (претходно наречена „Jigsaw“), носи ново искуство за гледачите бидејќи нејзините епизоди ќе можат да се гледаат по било кој редослед.

Серијата за грабеж на банка која на „Netflix“ ќе биде достапна првиот ден од 2023 година нуди нелинеарна структура на епизоди, што значи дека секој може да го одбере редоследот на нивното гледање.

„Netflix“ го претстави трејлерот во кој актерите и екипата на серијата зборуваат за „Kaleidoscope“ како сложувалка. Меѓутоа, деталите за тоа како епизодите се одигруваат и понатаму се чуваат во тајност.

Бидејќи серијата нема да го следи традиционалниот редослед на епизодите, веројатно е дека секој дел од приказната ќе биде доволно самостоен за да не биде збунувачки по било кој редослед на гледање.

Понатаму се наведува дека „Kaleidoscope“ ќе биде како збирка од 8 филмови кои ќе бидат поврзани преку заедничка приказна.


Серијата ја креирал Ерик Гарсија, а ја развил извршниот продуцент Расел Фајн. Актерската постава ја сочинуваат Џанкарло Еспозито, Паз Вега, Руфус Сивел, Тати Габриел, Питер Марк Кендал, Росалин Елбеј, Џај Кортни, Џордан Мендоза и Хемки Мадера.

„Можноста да се движите и да гледате по различен редослед ви дава поинаква перспектива на ликовите. Постојат прашања кои ќе бидат поставени во една епизода, а одговорени во друга. Исто така, во епизодата која ја гледате ќе има одговори за кои не ни знаете дека се одговори на нешто додека не го видите прашањето кога ќе погледнете друга епизода“, објаснил Ерик Гарсија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг