„Исчезна“ пред две години, имаше проблем со килограмите, а сега – Пинк облекла мини здолниште и издоминирала!

Точка

21/11/2022

13:55

8.004

Големина на фонт

а а а

Од јавната сцена се повлече пред две години, а еве како изгледа денес пејачката Пинк која штотуку настапи на доделувањето на наградите и е позгодна од кога и да е.

Пејачката Пинк се појави по повеќегодишна медиумска пауза и ја воодушеви јавноста со својот стајлинг на доделувањето на „AMA“ наградите.


Пинк, чие вистинско име е Алиша Мур, на доделувањето на наградите го повела и својот сопруг Кери, како и ќерката Вилоу и синот Џејмисон.

Пинк во 2020 година изјави дека ќе продолжи да снима песни и албуми, но дека мора да се повлече од јавноста за да се фокусира на своето семејство. Тогаш имала низа здравствени проблеми вклучувајќи ја и короната, а мака мачела и со вишокот килограми, но сега се појавила и покажала дека изгледа подобро од кога и да е.


Пинк во септември наполни 43 години, а на црвениот тепих покажала дека ја довела својата линија на тело до совршенство. Таа и натаму ја има својата препознатлива кратка фризура, широката насмевка и моќен глас – едноставно блеска во секоја смисла на зборот!


Дали ви се допаѓа вам?




Спонзорирани линкови

Маркетинг