Кристијано Роналдо во своето последно експлозивно интервју кое го одработи со Пирс Морган не штедеше никого, па подбра и некои асови со кои во минатото ја делеше соблекувалната како Гери Невил и Вејн Руни.
Гери и Вејн имаа одредени критики за Португалецот за неговото однесување, играчите, но напаѓачот тоа го сфати лично и удри „под појас“. Поранешниот англиски репрезентативци останаа мирни и немаа некој директен одговор кон ѕвездата на Јунајтед, но имаа што да кажат.
Последен тоа го направи Руни кој запрашан за потегот на Кристијано тој кратко, директно порача:
- Кристијано е фантастичен играч. Тој и Меси се веројатно двајцата најдобри играчи кои ја играале оваа игра. Тоа не е критика, она што го кажав е дека годините не стигаат сите, а на Кристијано му е тешко да се справи со тоа.
- Тој направи интервју и стана глобално. Некои од коментарите се малку чудни, но сигурен сум дека Манчестер Јунајтед ќе се справи со тоа штом ќе го види целосното интервју и ќе преземе што треба да преземе, - порача Вејн за „Си-Ен-Ен“.