Непријатна ситуација за репортерите во Доха.
Како се ближи Светското првенство во Катар, така се повеќе и повеќе растат и тензиите, посебно меѓу некои медиуми од западот, кои негодуваат против тоа што оваа држава го организира првенството.
Многумина повикале и на бојкот на Светското првенство, поради изгубените животи на многу работници кои работеле на изградба на стадионите и инфраструктурата во Катар, како и поради правата на жените и ЛГБТ заедницата, чии врски се забранети во оваа земја.
Оние кои биле најгласни во кампањата против Катар се Данците, а тензиите продолжиле и непосредно пред самото светско првенство во Доха.
We now got an apology from Qatar International Media Office and from Qatar Supreme Commitee.
— Rasmus Tantholdt TV2 (@RasmusTantholdt) November 15, 2022
This is what happened when we were broadcasting live for @tv2nyhederne from a roundabout today in Doha. But will it happen to other media as well? #FIFAWorldCupQatar2022 pic.twitter.com/NSJj50kLql
Имено, во Катар биле нападнати репортери на данската телевизија ТВ2, која правела прилог пред почетокот на првенството.
Две лица во арапска традиционална носија им ги одземале камерите и ги спречиле да снимаат, со закана дека ќе им ја скршат камерата.
Иако новинарот Расмус Тандхолт неколку пати повторил дека ги има сите потребни документи за снимање, Арапите не сакале ни да слушнат, па снимањето било прекинато.
Новинарот подоцна изјавил дека добиле извинување од страна на Катарската интернационална медиумска канцеларија, но се запрашале дали ова ќе им се случува и на други медиуми.