Видеото во кое се гледа како Кристијано Роналдо има блиска средба со Жоао Кансело беше уште еден повод за шпекулации околу непријатната атмосфера која владее во португалската фудбалска репрезентација, но реалноста беше прикажана на дело откако португалските медиуми решија да го објават целото видео.
Дел од медиумите почнаа да шпекулираат дека соиграчите од Португалија не се највоодушевени од односот на Роналдо во Манчестер Јунајтед и дека неговото присуство донело нервоза во тимот на Сантош, но всушност Кристијано во улога на капитен само се обидувал да ги смири страстите кои настанале за време на тренингот.
Жоао Кансело и Жоао Феликс имале еден поенергичен дуел од кој јасно се гледа дека десниот бек на Манчестер Сити е навистина лут, па Роналдо всушност му пришол за да ја олади ситуацијата.
Првото видео кое беше прикажано не го имаше моментот од дуелот меѓу Кансело и Феликс, па многумина почнаа да смислуваат приказни за нарушен однос меѓу Жоао и Кристијано.
Најновото видео покажува дека тоа не е случај, но и само потврдува како работите можат да добијат негативен контектс со прикажување на само еден момент од цел тренинг.
Cancelo and Felix fighting for the ball before Ronaldo goes up to him. clearly a tense situation which was cut out because of agenda towards Ronaldo ? pic.twitter.com/IC5MVDh3bX
— ?? (@Z7Pcvxkedd) November 15, 2022