Според истражувањето: EXIT ѝ донесе преку 220 милиони евра на српската економија

Точка

10/11/2022

16:08

5.155

Големина на фонт

а а а

ЕГЗИТ (EXIT) Фестивал со изданието од 2022 година донесе нови 19,7 милиони евра профит за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од основањето до денеска се искачува на повеќе од 220 милиони евра.

Ова го покажа истражувањето на „ТИМ Центарот“ од Нови Сад, кое секоја година, за време на фестивалот, се спроведува со посетители од Србија, регионот и странство.

Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога тој изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордната потрошувачка и зголемениот удел на посетителите надвор од Србија. EXIT Фестивалот придонесува за Нови Сад и Србија и во форма на меѓународно промовирање на дестинацијата, чија вредност многу експерти ја сместуваат во категоријата – бесценето. Меѓу нив е и новинарот на престижниот економски магазин „Ди Економист“, кој претходно изјави дека доколку Србија го вложи целиот свој буџет во пи-ар, не би го постигнала она што за нејзината промоција го имаат направено Новак Ѓоковиќ и ЕГЗИТ.

Тоа уште еднаш го потврдуваат и резултатите на овогодишното истражување, според кое најголемиот број од испитаниците сметаат дека ЕГЗИТ, покрај Новак Ѓоковиќ, е најпознатиот српски бренд во странство. Дури 89,8 отсто од испитаниците истакнуваат дека ЕГЗИТ позитивно влијае на глобалниот имиџ на Србија, додека неверојатни 97,8 отсто од испитаниците изјавиле дека нивното мислење за Нови Сад се подобрило или останало исто по посетата на фестивалот!

Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот, при што најмногу странски гости пристигнаа од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека од регионот предничат Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Дури 91 отсто од посетителите во Нови Сад дошле поради „Егзит“, што е доказ за директното позитивно влијание на фестивалот врз туризмот, но и врз имиџот на Нови Сад и Србија во целост. Посетителите за време на фестивалот во Нови Сад и Србија, во просек потрошиле по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходното издание. Туристите од Западна Европа трошеле во просек по 821 евро, а оние од Источна Европа по 720 евра.

Бројот на посетители кои не се од Србија е зголемен во однос на претходната година – тие сочинувале дури 65,4 отсто од овогодинешната публика, што е нов рекорд од основањето на фестивалот. ЕГЗИТ го посетиле повеќе фанови од Западна Европа (21 %) отколку од Источна (12,5 %), бројот на посетителите од регионот е традиционално висок – 24 %, од другите континенти пристигнале 7,8 % од посетителите, а сместување платиле 71,5 % од испитаниците..

Процентот на нови посетители продолжил да се зголемува, тие меѓу испитаниците годинава биле дури 50,7 %. Нови посетители од Србија оваа година биле 38 отсто.


Просечната возраст на посетителите кои учествувале во анкетата е 25,7 години, што е незначително намалување во однос на претходната година (26,1 години). Високообразованите посетители, вклучувајќи ги тука и студентите, сочинувале 77 отсто од публиката. 58 отсто биле вработени, а 35 отсто студенти. Дури 75 отсто од испитаниците мислат дека музичките фестивали можат да направат општествени промени. Овогодишното издание беше посебно посветено на менталното здравје, па секаде низ Петроварадинската тврдина можеше да се видат пораки за поддршка и охрабрување. Ова е особено значајно имајќи предвид дека резултатите од анкетата покажуваат дека 86 отсто од испитаниците се изјасниле дека ЕГЗИТ позитивно влијае на нивното ментално здравје.

Истражувањето го спроведе новосадскиот „ТИМ центар“, а беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.350 посетители на фестивалот, за време на неговото одржување. Анкетирани се исклучиво посетители кои купиле билети, додека учесниците, работниците, претставниците на медиумите, спонзорите и институциите биле исклучени од истражувањето.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг