Колку километри можат да поминат автомобилите „на резерва“? Победникот доаѓа од Германија

Точка

03/11/2022

21:00

21.605

Големина на фонт

а а а

Уште колку километри можете да поминете откако ќе ви светне сијаличката за гориво? Ова е важна информација, па британскиот портал „Compare The Market“ се потрудил да ги пронајде одговорите.

Нивното истражување покажува дека стравот од останување на автопат е без основа, со споредување на 96 автомобили со бензински агрегати.

Кога се вклучува сијаличката?

Поголем дел од возачите сметаат дека имаат уште 40 километри откако ќе се вклучи сијаличката за гориво, но праксата покажува дека дометот е значително поголем.

Многу од модерните автомобили имаат вграден калкулатор којшто ја анализира работата на резервата, но се случува возилото да ги надмине прикажаните бројки.


Во просек, сијаличката започнува да свети кога нивото на гориво ќе падне на околу 10 отсто од вкупниот капацитет на резервоарот од автомобилот.

Најголем домет

Според анализата на британскиот портал „VW Passat“ е апсолутен победник со најмалку 120,73 поминати километри на резерва.

Зад него се наоѓа „Ford Mondeo“ (112,68), додека пак „BMW 5“ е на следна позиција со 109,96 километри.

Следат „Toyota Prius“ (107.2), „Mercedes E“ (103), „Audi Q5“ (102,7), „Range Rover Sport“ (102), „Mazda 6“ (101,3), „Audi A6“ (99,8).


Најмал домет

Најмал домет има „BMW M 3“ со 51,48 километри, потоа „Kia Picanto“ со 51,72, па „Fiat 500“ со 59,77.

Од популарните автомобили треба да се наведат „Ford Fiesta“ со 66,09, потоа „Nissan Juke“ со 65,7, „Citroen C1“ со 62,4 и „Mini Cooper“ со 40,4.