После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје.
Откако портпаролот на МВР, Тони Ангеловски помпезно најави дека е приведен осомничен за лажните дојави за бомби во средните училишта, доцна вечерва приведениот Никола Николовски е ослободен од полицијата без никаква пријава – дознава Радио Лидер.
Испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите. Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен.
Дваесет и три годишниот скопјанец доби поддршка од многумина на социјалните мрежи, кои ова момче го претставија како успешен пример за околината.