Обновено снабдувањето со вода и струја во Киев

Макфакс

01/11/2022

09:24

1.549

Големина на фонт

а а а

Снабдувањето со вода и електрична енергија во Киев е целосно обновено, изјави утрово градоначалникот Виталиј Кличко.

Тој на Телеграм им се заблагодари на експертите од водоводните и енергетските компании кои по вчерашните руски ракетни напади цел ден работеа за да овозможат повторно снабдување со струја и вода на зградите на Киев.

Кличко изјави дека е обновено и снабдувањето со електрична енергија во Киев, но дека се на сила ограничувањата поради значителниот дефицит во енергетскиот систем по руските напади, пренесува Интерфакс Украина.

Вчера руските сили извршија масовни ракетни напади врз инфраструктурни објекти во Украина, главно енергетски објекти, а потоа во Украина беа воведени итни прекини на струја. Околу 80 отсто од потрошувачите во Киев останаа без вода, утрово биле забележани луѓе со празни пластични шишиња и контејнери како чекаат да земат вода од фонтана во паркот.