Кличко: Во Киев 80 отсто од потрошувачите останаа без вода

Макфакс

31/10/2022

12:18

1.890

Големина на фонт

а а а

Серија експлозии утрово се слушнале во главниот град на Украина, Киев.

Според очевидци на „Ројтерс“ во тој град, пријавени се и ракетни напади.

Очевидци јавуваат дека чад се издига над Киев по десетината експлозии.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека некои делови од главниот град на Украина се без струја и вода по ракетниот напад утринава.

Кличко на „Телеграм“ изјави дека цел биле објекти од витална инфраструктура, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во Киев, за време на ракетните напади утринава од страна на руските сили, беше оштетен електроенергетскиот објект кој снабдува околу 350.000 домаќинства, изјави градоначалникот на главниот град.

Тој изјави дека експертите работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија по оштетувањата на таа зграда и дека прават сè за што побрзо стабилизирање на состојбата со снабдувањето со електрична енергија.