Што е валкана бомба и колку е опасна?

Точка

25/10/2022

21:13

77.120

Големина на фонт

а а а

Од „валкани бомби“ долго се стравува како од потенцијално оружје на терористите бидејќи главниот ефект на таквите бомби е предизвикување на паника од ширењето на радиоактивна прашина и чад во атмосферата.

Кремљ тврди дека Украина се подготвува да детонира валкана бомба за тоа притоа да ја обвинат Русија и да доведат до ескалација на војната која влегува во деветтиот месец. Западните земји ги отфрлиле тврдењата како очигледно лажни.

Иако никогаш не е забележан ниеден напад со валкана бомба, два неуспешни обиди за детонирање на таква направа се забележани во јужната руска покраина Чеченија пред повеќе од две децении, пишува „Index“.


Како работи валканата бомба

Технички познати како уреди за радиолошко дисперзија, валканите бомби се релативно примитивно, непрецизно оружје. Многу е полесно и поевтино да се изработат од нуклеарно оружје, а исто така се далеку помалку опасни, пишува „Guardian“.

Валканите бомби користат конвенционални експлозиви, како што е динамит, поставени покрај радиоактивен материја, кој се исфрла надвор со силата на експлозијата. Количината на дисперзиран радиоактивен материја, иако опасна, не мора да значи дека е смртоносна.

Материјалот користен во бомбата може да биде добиен од радиоактивни извори кои се користат во медицината и индустријата или од истражувачките лаборатории.

„Валкана бомба е навистина лесно да се направи“, вели Скот Роекер, потпретседател на безбедносната програма за нуклеарни материјали во Иницијатива за нуклеарни закани, непрофитна организација со седиште во Вашингтон.


Каква штета може да направи валканата бомба?

Бројот на жртви и размери на штетата од валканата бомба зависи од многу варијабли.

Клучен фактор е количината и видот на конвенционални експлозиви кои се користат, кои ја одредуваат јачината на експлозијата.

Количината и видот на испуштените радиоактивни материја се другите фактори, како и временските услови – посебно ветерот – во време на експлозијата. Потенцијално големо подрачје би било контаминирано.

Повеќето валкани бомби не би испуштиле доволно радијација да предизвикаат смрт па дури и тешка болест.

Ниските нивоа на изложеност на зрачење обично не предизвикуваат никакви симптоми. Луѓето може и да не знаат дали биле изложени бидејќи зрачењето не може да види, мирисне или вкуси.


Колку е опасна валканата бомба?

Валканите бомби не се толку за употреба на бојно поле во урбани подрачја, објаснува Роекер.

„Тоа повеќе е психолошко оружје. Кога се обидувате да преплашите луѓе, би употребиле вакво оружје“, рекол тој.

Радиоактивната прашина и чадот можат далеку да се прошират и опасни се ако се вдишат во близина на местото на експлозијата. Радиоактивниот облак веројатно би се проширил на неколку улици, вели Роекер. Но како радиоактивниот материјал се шири во атмосферата, станува помалку концентриран и поради тоа и помалку штетен.

Клучни фактори за изложеноста на зрачење е видот на зрачењето, колку долго е некој изложен и дали зрачењето е апсорбирано преку кожа, вдишено или консумирано орално.

За детекција на зрачењето потребна е посебна опрема. Контаминираните домови, работни простории и јавни услуги може да бидат изолирани со месеци и бараат скапа операција за чистење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг