Облачно време со повремени врнежи од дожд

Макфакс

13/10/2022

08:39

1.338

Големина на фонт

а а а

Под влијание на влажен бран времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја.

Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 18 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг