Овошната туршија е извор на витамини и минерали, а збогатена со лажица мед се смета за лек.
Овошната туршија за време на Југославија задолжително се правела во првите денови на есента.
Вообичаено се собирале диви овошја и шумски плодови кои по детално миење се ставале во буре. Добиениот напиток според многумина бил „чист еликсир на здравјето“.
Се сметало дека доколку редовно го пиете овој здрав, ферментиран напиток може да доживеете убава и длабока старост.
Но, зошто овошната туршија е толку здрава?
Овошната туршија е полна со ензими, минерали и витамини, а вообичаено се подготвува во октомври и ноември. Богата е со витамин Ц и антиоксиданти, а назима претставува ефикасна заштита од грипови и настинки.
Овошната туршија помага при:
- Проблеми со мокрење;
- Системот за варење на храна;
- Искашлување;
- Го забрзува метаболизмот;
- Ја чисти крвта од холестерол;
- Лекува мамурлак.
Како се подготвува овошна туршија?
Потребно е: шипки, смрека, дива круша, оскоруша, диви јаболка, глог, трнинки, боровинки...
Подготовка:
Овошјето мора да се бере далеку од сообраќајот и загадувањето. Откако ќе го соберете потребно е добро да го измиете. Во чисто буре ставете го исчистеното овошје, а потоа налијте го со филтрирана или пак изворска вода. На 4 килограми овошје потребно е да додадете 10 литри вода.
Бурето затворете го и оставете го овошјето да отстои околу 15 дена, а потоа истиот е подготвен за употреба.
Овошната туршија се пие така што се зема малку од течноста и во неа се додава една лажица мед, па се консумира по потреба. Доколку сокот ви е јак на вкус и мирис, тогаш во него може да додадете и малку вода.
Во бурето може постојано да додавате вода: колку ќе испиете толку вода додадете и оставете повторно да отстои.